gold coin - онтологија

алтан повеќе

мн. алтани
Вид збор: Именка, машки род
Златна пара, златник, дукат.
Турски: altın
Примери:
Невестинска низа алтани.

жолтица повеќе

Види и: жолтеница (ж.)
мн. жолтици
Вид збор: Именка, женски род
златна монета
Албански: verdhushkë, monedhë ari
Употреба: Архаизам , Економија
Примери:
На малечкото масиче до креветот истури цела рака жолтици.

златник повеќе

мн. златници
Вид збор: Именка, машки род
Златна пара со различна големина и вредност.
Примери:
Среќните пронаоѓачи, кои не го кријат задоволството од откритието, ги пријавиле златниците.

јалдаз повеќе

мн. јалдази
Вид збор: Именка, машки род
Златна монета.
Албански: monedhë ari, verdhushkë
Употреба: Архаизам , Економија

костадинка повеќе

мн. костадинки
Вид збор: Именка, женски род
Златна пара.
Албански: verdhushkë
Употреба: Архаизам , Економија

лира повеќе

мн. лири
Вид збор: Именка, женски род
Стара турска златна пара.
Турски: lira Албански: lirë, verdhushkë
Употреба: Архаизам
Примери:
Ја бутна златната лира в џеб и замина.

махмудија повеќе

мн. махмудии
Вид збор: Именка, женски род
Стара турска златна пара.
Турски: mahmudiye
Употреба: Архаизам

наполеон повеќе

мн. наполеони
Вид збор: Именка, машки род
Златна монета од 20 франци со ликот на Наполеон I или на Наполеон III.
Албански: napoleon, monedhë ari
Употреба: Историја

рубија повеќе

мн. рубии
Вид збор: Именка, женски род
Стара златна монета.
Албански: monedh ari
Употреба: Архаизам , Економија

фандак повеќе

мн. фандаци
Вид збор: Именка, машки род
Стара турска златна монета.
Турски: fındık altını Албански: monedh e vjetër ari
Употреба: Архаизам , Економија